ATF 236.14 / ATF 236.15
Поради специфичниот дизајн, повеќенаменскиот ATF не може да се користи во 7-степените автоматски менувачи на Mercedes Benz. Меѓутоа, Motul го препознал ова како прилика за развој на своите 100% синтетички Fuel Economy масла за менувач ексклузивно за Mercedes Benz возила. Со оглед на успешноста на ваквиот пристап, Motul има развиено и масла за менувач и мазива за одредени марки и модели автомобили посебно. (Во зависност од моделот/годината на производство и серискиот број на менувачот, може да се користи МВ одобрение 236.14 или МВ 236.15).
Multi ATF
100% синтетичко мултифункционално масло (ATF), развиено за новите генерации на автоматски менувачи кои ги задоволуваат барањата на повеќето произведувачи на возила. Поради тоа, сигурно ќе биде интересно и препознато од дистрибутерите и сервисерите кои одржуваат различни марки и модели на возила.
ATF VI
100% синтетичко масло со низок вискозитет и високи перформанси. Развиено е специјално за современи автоматски менувачи. ATF VI може да се користи кога производите со висок индекс на вискозитет не одговараат.
Multi DCTF
Масло со високи перформанси со Technosynthese® формула, специјално дизајнирано за DCT менувачи. Соодветно за користење кај широк опсег на возила опремени со DCT менувач со двојна сува спојка или двојна мокра спојка. Може да се користи кај европските произведувачи, вклучително и Audi, Volkswagen, Mercedes-Benz или кај американскиот Ford.
Multi CVTF
Масло со Technosynthese® формула, дизајнирано за CVT менувачи. Соодветно за широк опсег на возила со CVT менувач кои користат каиш со ременица или синџир.