проект

 

MOTULEVO Е ПРОЕКТ НАМЕНЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧИ

 

 

 

Растот на пазарот на автоматски менувачи во иднина ќе стане се поконзистентен. Прогнозите се дека пазарот на автоматски менувачи ќе расте со охрабрувачка стапка од 5,95% до 2019. Како одговор на овој тренд, Motul го имплементираше единствениот и иновативен проект за одржување на менувачи - MotulEVO, кој е наменет за трговците, механичарите и сервисерите кои сакаат да ја искористат оваа прилика за да ја унапредат својата дејност и професионално да ја вршат својата работа.

 

MotulEVO се производи

 

Комплетен асортиман на масла за автоматски менувачи кој може да се примени во поголемиот број менувачи; Уред за испирање и замена на масло кој може да се користи кај сите типови автоматски менувачи;

Комплет адаптери дизајнирани од Motul за да се обезбеди работа на повеќето автоматски менувачи, а кој постојано се надополнува со нови, со што се следат новите трендови и достигнувања.

MotulEVO се услуги

 

Целосно обновена веб страница motulevo.com со нов софтвер и база на податоци прилагодена да обезбеди поддршка на сервисите и механичарите во процесот на одржување и замена на масло во менувачот, дава јасни и прецизни упатства, знаење и стручност за оние кои се бават со таа дејност и овозможува значајни предности за своите корисници во смисла на заштеда на време и разновидност на возила кои можат да се сервисираат.

 

MotulEVO е образование

 

На сите корисници им е обезбедена техничка едукација и овозможен пристап до професионални знаења кои им се потребни во секојдневните активности.

Обуката е во две нивоа: техничко-комерцијална презентација на проектот и практични вежби за употреба на уредот за замена на масло во автоматски менувачи.

Проектот MotulEVO е покренат во 2014.година, се покажа како успешен и од него имаат бенефит повеќе илјади сервисни партнери ширум светот.

За повеќе информации контактирајте го својот локален претставник за Motul производите.

 

 

.